Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе на три трки до крајот е лидер во пласманот во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC). Претстојниот викенд Иџе ќе настапи на патеката Сент Урсан во Швајцарија и со добар резултат ќе се доближи до нова титула.
– И викендов очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Би сакал да се заблагодарам на сите кои во мојот тим, го препознаа потенцијалот и не поддржаа за натпреварувањата за оваа сезона, особено моите спонзори кои веруваат во мојот потенцијал, изјави Стефановски кој е бренд амбасадорот на „Видоелотарија Касинос Австрија“.
Трката во Швајцарија ќе биде осма од десетте планирана сезонава во Европскиот шампионат.