Екипата на Шериф Тираспол е четвртиот тим што го победи Реал Мадрид во Лигата на шампионите под водство на тренерот Карло Анчелоти. Молдавците за кои настапува македонскиот репрезентативец Бобан Николов, синоќа со 2:1 славеа сензационална победа на „Сантијаго Бернабеу“.
За прв пат, Италијанецот водеше клуб од главниот град на Шпанија од 2013 до 2015 година. Тогаш Реал во две сезони загуби само од Борусија Дортмунд (во четвртфиналето на Лигата на шампионите 2013/14, но се пласира во полуфиналето), Шалке (во осминафиналето од Лигата на шампионите 2014/15, но успеа да помине во четвртфиналето) и Јувентус (во полуфиналето на Лигата на шампионите 2014/15 кога беше елиминиран).
Така, Анчелоти на чело на Реал Мадрид загуби за прв пат во групата од Лигата на шампионите.
Во следното коло, Реал ќе се соочи со Шахтјор на 19 октомври.
По две кола во Д-групата, Шериф е прв со шест бода, Реал има три, Интер и Шахтјор освоија по еден бод.