Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар по синоќешниот триумф над Манчестер сити со 2:0 во Лигата на шампионите, на својот Инстраграм објави фотографија од соблекувалната. На сликата се Бразилецот, Лионел Меси и Килијан Мбапе.

Меси беше стрелец на вториот гол по асистенција на Мбапе.

Со оваа фотографија, Нејмар ги демантира шпекулациите кои се појавија во медиумите во последно време за наводни нарушени меѓусебни односи на ѕвездите на ПСЖ.

По две кола во А-групата, ПСЖ и Клуб Бриж имаат по четири бода, Манчестер сити е трет со три, Лајпциг е последен без освоен бод.