Македонскиот спикер Талат Џафери, заедно „со други претставници од политичкиот живот во земјата“, се приклучи на активностите кои традиционално се организираат во Република Косово за одбележување на годишнините од основањето на Ослободителната војска на Косово (УЧК), информира собраниската прес-служба.
– Оваа година се чествува јубилејна 25. годишнина од таа Епопеја и покрај другите настани, претседателот Џафери, со положување на венец свежо цвеќе на гробот на основачот на ОВК (УЧК), легендарниот херој Адем Јашари и целото храбро семејство Јашари во Меморијалниот центар во Преказе, Дреница, ја изрази неговата почит за храбриот отпор на целото семејство Јашари чија што пожртвуваност, борба за слобода и ослободување на татковината беше многу поважна од нивниот личен живот кој што го положија за отворање на патот кон една многу повисоката цел, се вели во соопштението на официјалниот вебсајт на македонското Собрание.
Настанот се одвивал во присуство на истакнати актуелни и поранешни припадници на УЧК, политички претставници од земјата и регионот и членови на семејствата, посочуваат од собраниската прес-служба, додавајќи дека „Меморијалниот центар во Преказе е најважниот и најтажен споменик на борбата за слобода и потсетник кој што ги инспирира и актуелните и идни генерации да не го заборават аманетот на претходните генерации“.