Македонскиот таеквондистот Дејан Георгиевски се пласира во финалето на Олимпискиот турнир во Токио.
Македонецот утрово во категоријата +80 го победи Сејду Гбане од Брегот на Слоновата коска со 9:4, а потоа и следниот противник Ин од Кореја.
Воведните две минути од борбата со Гбане поминаа во тактичка борба и без освоен бод на двете страни. Борбата се разгори во втората рунда која ја доби македонскиот претставник со 3:1. Во третата рудна Георгиевски доминираше и стигна до триумф.
Сребрениот медар е сигурен, Георгиевски денеска ќе се бори за златниот и првиот олимписки медал за Македонија.