Талентираниот македонски тенисер Калин Ивановски ќе учествува на Грен слемот во Мелбурн.

Ивановски ќе настапи на јуниорскиот дел од Австралија опен од 22 до 29 јануари.

Македонецот минатата година играше на Грен слемот Вимблдон каде стигна до осминафиналето и на Отвореното првенство на САД каде беше елиминиран уште во првото коло од квалификациите.