Македонскиот велосипедист Игор Талевски има забележителен настап на трката, која во должина од 6.920 километри се вози од Западниот до Источниот брег на Соединетите Американски Држави, и пред завршните етапи е шестопласиран во конкуренција на 42 натпреварувачи.
Членот на велосипедскиот клуб „Шри Чинмој Маратон Тим“ од Скопје во моментов е во сојузната држава Кентаки со амбиции да го задржи високиот пласман пред завршните 1.482 километри на „Транс Америка рута 2021“.
Талевски (43) дневно минува во просек по 300 километри, а најстрмниот и највисок дел од трката, Карпестите Планини со над 3000 метри надморска височина, е веќе зад него.