Со два порази и еден освоен сет по воведните две кола, македонските одбојкари попладнево од 13 часот во Тампере против репрезентацијата на Турција го играат третиот натпревар на Европското првенство.
Противникот на „црвено – жолтите“ во „Хакаметска“ арена ја има улогата на апсолутен фаворит за третата победија во серија во групата Ц по двете идентични победи од по 3-1.
Откако славеше над Русија во првото коло, турската чета на Озбеј се радуваше и против Шпанија и се наоѓа на второто место зад Холандија. Финска е трета, Русија четврта.
Во преостанатите денешни два натпревари во групата Ц, Шпанија ќе игра со Финска, а Холандија со Русија.