Младиот охриѓанец Марко Пејчиновски успешно го заврши и новиот подвиг на релација Охрид до Струга и назад до Охрид.

Успешно го заврши пливањето посветено на Децата со ретки болести. Релацијата Охрид-Струга-Охрид ја преплива за 9 часа и 6 минути – стои на фејсбук страницата на Марко.

Марко Пејчиновски е млад херој од Охрид кој има само 13 години и има голема желба – да ги оствари своите соништа. На 28-ми август 2018 година, Марко го преплива Охридското Езеро за девет часа и започна да ги остварува неговите соништа. Здравствениот проблем, кој го има Марко, го оттргна од секојдневните физички активности, насочувајќи го кон единствената спортска активност која беше во можност да ја прави – пливањето.