На 19 и 20 февруари во Скопје ќе се одржи четвртата средба на Заедничката мултидисциплинарна комисија на Северна Македонија и Бугарија за историски и образовни прашања.
Како што информираат од Комисијата, на средбата е предвидено да продолжат дискусиите по точките од минатата средба кои се однесуваат на одбележување на јубилеи поврзани со потенцијални историски личности и настани кои би претставувале мост на поврзување помеѓу народите на двете држави.
Истовремено, на средбата во Скопје ќе се продолжи со дискусијата по забелешките за учебниците по историја во насока на надминување на спорните историографски толкувања на минатото.