На денешен ден во 1869 година, македонската црковноучилишна општина во Неврокоп упатила писмо до великиот везир во Цариград, во кое барала решавање на црковното прашање преку поставување владика од словенско потекло. Чувствувајќи опасност, Цариградската патријаршија го заострува курсот на својата панелинска политика и ги активира своите органи на теренот против воведувањето црковнословенски во црквите и училиштата. Започнало гонењето на се што е словенско од страна на грчките владици. Како последица од тоа, во тој период биле уништени голем број ракописи и богослужбени книги.

Македонските црковноучилишни општини се грижеле за црковно-училишниот живот на македонското население. Бидејќи биле под јурисдикција на Цариградската патријаршија тие ширеле грчка култура и јазик. Борбата против Цариградската патријаршија започнала во средината на 19 век и била водена од населението во Македонија. Целта била да се отстрани црковната власт на Цариградската патријаршија и да се обнови некогашната Охридска архиепископија, а македонските епархии да потпаднат под нејзина јурисдикција.

Оваа борба во себе носела и национален карактер бидејќи македонското граѓанство се стремело во македонските општини, наставата да се изведува на македонски народен јазик, грчкиот јазик во црквите да се замени со црковнословенски.