На социјалните мрежи е објавена фотографија од Светското првнество во фудбал во Катар на која се гледа македонското знаме со Сонцето од Кутлеш.

Според објавите на Фејсбук, како и според навивачката опрема на лицата кои се фотографирани со знамето, најверојатно станува збор за Македонци од Австралија кои дошле да навиваат за австралиската репрезентација.