Во контекст на злоупотребата на психотропни супстанци и обелоденувањето на ликовите од СДС кои ги конзумирале чие обелоденување најави токму Петре Шилегов, денеска „лидерот“ на партијата во распад настапи со една, за него веќе позната небулоза, пишува во својата анализа Курир.

По којзнае кој пат во неговата куса кариера како прв човек на СДС, Венко денеска пак ги стави во погон лажните анкети. Ова е лоша навика на Филипче, кој во неколку наврати од „ракавот“ тресе измислени анкети. По правило, секогаш без изведувач на истата, без период кога е изведена, без примерок, без нарачател. Сите „нишани“ за една вистинска анкета, не како оние кои ги измислува „лидерот“. Вака, како напати досега, треба да му верувате на Филипче, анкети кои не се за јавност, туку само за него, Фани, Шмрчко, Жерносвки и Ана Сите ве мразам…

Така и денеска, запрашан зошто го исклучува непослушниот Петре Шилегов (кој меѓу другото, има 10 пати подолг стаж од него во СДС), очајниот Венко пак се правдаше преку лажни анкети.

Замислете, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ВНАТРЕШНО ГО УРИВАЛЕ преку Петре заради анкетите кои покажувале РАСТ НА СДС?! Со Гиго квасец ли?! Какво само изненадување од ракавот на Филипче, нели? А, ако нешто рапидно расте, тоа се само криминалните досиеја на врхушката, кои „бааги“ ќе пораснат по изборот на новиот државен јавен обвинител. Значи, од утре. Упс, таксират есдеесовски…

Видете ја изјавата во која се чувствува огромно влијание на „иљачот“ на Шмрчко. Друга логика, за жал, нема.

„Овде не станува збор за туѓо и поинакво мислење, станува збор за процес на одработување за  ВМРО-ДПМНЕ и за внатрешна поделба на партијата.

После сите наши проверки на информации стигнавме до тој заклучок. Извршниот одбор таа одлука ја донесе со консензус, никој не гласаше против. Јас нема да дозволам да го делат СДСМ понатака. Власта не може ништо да направи да го спречи падот на анкетите, кој е евидентен.

Ваков пад на ВМРО-ДПМНЕ на анкети до сега немало, а ние имаме раст. Единствено нешто што можат да прават е да ја делат партијата од внатре. И така да нè ситнат за да владеат така како што сакаат да владеат“, верувале или не, а поверојатно второто, рече исфрустрираниот Филипче.

Да не беше трагично, можеби ќе беше и смешно. Нова епизода од „Летечкиот циркус на Венко Пајтон“, катализатор на распадот на партијата која брзо и сигурно оди кон историското буниште, пат цврсто пополчен со десетици антимакедонски дејанија и многу, многу арамилак врз народната каса.

„Пучанството“ е во очекување на анкетата на Филипче, која да не се лажеме, во мака и соочени со распадот кој е неминовен, „набрзинка“ ја склепале и смислиле како инфантилен наратив на Бихаќка. Нешто во што ниту портирот во СДС не верува. Одамна…

Еве, за потсетување, само  дел до лажните анкети на Венко, кои на избори се покажаа како тотална лага и утка.

Реална анкета од ИПСОС, наспроти фиктивна анкета лиферувана од Филипче – КУРИР со прашања, СДСМ со молк

Во стилот на „гладна кокошка просо сонува“: Филипче измисли анкета и имагинарен пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ

Филипче вчера ИЗЛАЖА ЗА ПОБЕДА во плус 4 општини

Извор: Курир