„Макпетрол“ и во овие особено тешки и комплексни услови поради новонастанатата глобално-политичка ситуација, како резултат на која има неколкукратно зголемување на цените на сите нафтени деривати, ќе продолжи да работи без застој и рестрикции со цел граѓаните и компаниите да функционираат без проблеми, порачуваат од компанијата.
– Сепак, набавката на гориво во буриња, канистри, канти и други садови е спротивно на законските регулативи, бидејќи несоодветното складирање и чување на горивата може да предизвика опасни ситуации по животот на луѓето, како и загадување на околината, информираат од „Макпетрол“.
Нагласуваат дека поради новонастанатата ситуација, компаниите што се дел од оваа економска гранка се наоѓаат во исклучително тешка ситуација, што, како што велат, подразбира и работа со загуба.