Заедно ја враќаме (Македонска з.н.) Пошта таму каде припаѓа – на граѓаните, како нивен сервис и најлојален партнер, изјави директорот на ЈП (Македонска) Пошта, Јани Макрадули.
– Денеска добивме и уште една вест – зградата на Централната пошта е номинирана на кратката листа на 12-те најзагрозени споменици на Европа. Ова претставува потесен, односно предфинален избор во рамки на Програмата „7-те најзагрозени за 2021 година”, објави Макрадули на својот профил на Фејсбук.
Макрадули во претходниот состав на Владата на Зоран Заев, како заменик-министер за животна средина, „го среди ајрото“, а сега ќе ја средува и ЈП (Македонска) Пошта, која има 10-тина милиони евра загуба и најавено е продавање.
Како што денеска беше најавено, од пролет, поточно од март, граѓаните на Македонија ќе може повторно да ги користат поштенските шалтери за уплати и исплати, што сега е оневозможено поради пропаѓањето на Еуростандар банка.