Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека Европска Унија треба да се разбуди и да стане континент кој верува во својата иднина.

– Не инвестираме доволно во својата иднина… и политички тоа е единствениот начин да се помириме со нашата средна класа, посочи Макрон на Минхенска безбедносна конференција.

Тој истакна дека би сакал да ја види „Европа, која може да го штити суверенитетот, Европа, која е повитална и Европа, која негува ентузијазам во поглед на својата иднина“.

Макрон потенцира дека ЕУ треба да го усогласи својот буџет со амбициите, со цел да не заостанува за САД и Кина, посебно за идните технологии.