Францускиот претседател Емануел Макрон ги навреди жителите на цел балкански регион споредувајќи го со хаосот во некои поранешни француски колонии во Африка.
Макрон во врска со кризата во Демократска Република Конго побара да запре процесот на „балканизација“ во Африка, пренесе Експрес.
– ДР Конго не смее да дозволи воен плен. Отворениот грабеж (на земјата) мора да престане. Не смее да има ограбување, балканизација, војна, изјави Макрон на заедничката прес-конференција со претседателот на ДР Конго, Цисекеди.
Макрон изјавата ја даде откако Париз најави воено повлекување од Африка каде Франција досега имаше голем број војници и воена опрема.
По оваа најава во земјата започнаа протести и судири на власта со вооружени групи поддржани од Руанда кои за Макрон носат „балканизација“.
Антифранцуското расположение е високо во повеќе поранешни африкански колонии бидејќи континентот станува обновено дипломатски бојно поле, со растечко руско и кинеско влијание.
Во четвртокот Макрон рече дека ерата на француско мешање во Африка завршила и дека нема желба да се врати во минатото.