ЕУ успеа да постигне историски договор за заеднички финансиски средства неопходни за надминување на предизвиците на пандемијата на Ковид-19, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
Според него, на договорот му претходеле „долги и тешки“ преговори за време на кои било неопходно да се направат отстапки за да се надминат разликите што го попречувале постигнувањето на единство.
– Отстапките беа пропорционални и неопходни за да се постигне корисен, голем план за економско закрепнување на ЕУ, оцени Макрон на прес-конференција.
– Нема совршен свет, но ние постигнавме напредок, заклучи францускиот претседател.
Лидерите на ЕУ рано утрово постигнаа договор за планот за закрепнување и повеќегодишниот заеднички буџет од 1.824 милијарди евра, за периодот од 2021 до 2027 година.