Францускиот претседател Емануел Макрон во Брисел изјави дека Европската унија мора да ја „научи лекции” од одлуката на Велика Британија за напуштање на Унијата.
Откако лидерите на ЕУ на денешниот Самит го усвоија нацрт-договорот за Брегзит, Макрон рече дека излегувањето на голема држава, првпат во историјата на Унијата покажува дека „Европа е кревка”.
Тој истакна дека европските лидери имаат обврска „да ја заштитат (ЕУ) од сите кои забораваат дека таа е гарант за мир, просперитет и безбедност”.
Макрон и оддаде признание на британската премиерка Тереза Меј за барање „пат кон трајна соработка” со ЕУ, истовремено бранејќи ги британските интереси во преговорите со Брисел.