Франција мора да развие будно општество во борбата против исламистичките милитанти, рече претседателот Емануел Макрон за време на оддавањето почит кон жртвите од терористичкиот напад со нож во седиштето на париската полиција.
Макрон рече дека станува збор за национално прашање што треба да обедини.
– Самата административна служба и сите државни служби поединечно нема да можат сами да ја надминат исламистичката хидра, рече Макрон во полициската канцеларија во близина на катедралата Нотрдам.
Напаѓачот, кој е со потекло од Мартиник, по преминувањето во ислам, имал контакти со лица кои најверојатно припаѓаат на исламистичкото салафистичко движење, соопштија обвинителите.