Францускиот претседател на Франција, Емануел Макрон денеска ги негираше наводите на британските медиуми дека Франција се подготвува да воведе визи за Британците во случај Европска унија и Велика Бритнија да не постигнат договор за Брегзит.
– Тоа е лажна вест, што би рекле некои лидери. Нема да воведеме визи, истакна Макрон во Брисел, каде се одржуваше Самит на лидерите на ЕУ за Брегзит, при што е договорено дека „27 лидери“ се подготвени повторно да се сретнат за да ги дефинираат условите за излегување на Велика Британија од европскиот блок штом биде постигнат напредок во преговорите.
– Во заклучоците се наведува дека не е доволен досегашниот напредок во преговорите и затоа не е планиран вонреден Самит за Брегзит во ноември, изјавија синоќа претставниците на ЕУ.