Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го повтори ставот дека НАТО е во состојба на „мозочна смрт“.
На големо разочарување на членките на Алијансата, тој ова го кажа во пресрет на самитот на оваа организација во Лондон.
-И натаму така мислам, рече Макрон на заедничката прес конференција со американскиот претседател Доналд Трамп.
Неколку часа претходно Трамп изјави дека ставот на Макрон е „многу навредлив“ за Алијансата, која утре ја одбележува својата 70-годишнина од постоењето.
Макрон, во ноември, во интервју за „Економист“ изјави дека НАТО се наоѓа во состојба на „мозочна смрт“, образложувајќи го тоа со намалувањето на американскиот ангажман и однесувањето на Турција, двете членки на НАТО.
Францускиот претседател денеска изјави дека Турција понекогаш соработува со посредниците на Исламска држава и додаде дека на оваа земја и натаму и забалежува што се бори против Курдите на северот од Сирија, бидејќи тие борци помагаат во борбите против џихадистите.
-Турција се бори против оние кои се бореа заедно со нас. А понекогаш соработува со посредниците на Исламска држава, рече Макрон.