Враќањето кон преговорите мора да биде дел од патот за ставање крај на руската војна против Украина, која мора да утврди дали дошол таков момент, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.
Запрашан што би можеле да направат Франција и другите европски партнери за да се стави крај на војната во Украина, Макрон рече дека тоа е „најважното, но и најтешкото прашање“.
– Ние не се бориме во Украина, рече Макрон.
Постигнувањето на оваа цел, крајот на војната, според Макрон имплицира дека условите на теренот ќе се развијат на таков начин што ќе им овозможат на Украинците да веруваат дека е дојдено време да се вратат на преговарачката маса.
– Зошто го велам ова? Затоа што ја поддржуваме Украина додека го брани нејзиниот територијален суверенитет и нејзините граници. Затоа, не можеме во име на Украина да кажеме дека овој или оној момент е прифатлив или не, рече Макрон.
Тој додаде:
– Тие пред сè зависат од развојот на конфликтот на теренот, како и од одредени суверени одлуки кои мораме да ги почитуваме, рече Макрон.