Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се залага за нови преговори за шенгенскиот простор дури и ако резултатот би бил „шенгенски простор со помалку држави членки“.
Макрон оцени дека „заеднички граници, Шенген како и Даблинскиот договор веќе не функционираат“, мислејќи на неуспех на ЕУ да го ревидира системот за азил. Бегалската криза што ја погоди Европа во 2015-2016 година, покажа дека голем број баратели на азил не сакаат да останат во земјата на прв влез во ЕУ, најчесто во Грција Италија или Шпанија, туку бараат да стигнат до Германија или Шведска.
Идејата на Макрон не е нова. Тој на неформален самит на ЕУ во Салцбург лани ги критикуваше државите од Вишеградската група бидејќи одбиваат да преземат мигранти во рамки на програма за распоредување.