Седумдесет и шест отсто анкетирани Хрвати изјавиле дека не веруваат во независност на судскиот систем во државата, и таа бројка е највисока во ЕУ за тоа прашање. Тоа се наведува во резултати од анкета за која денеска детали даде еврокомесарот на ЕУ за правда, Вера Јурова.

Како „лошо или многу лошо“ – 76 проценти од граѓаните на Храватска ја одредуват состојбата со независноста на судството.

Следуваат Словаците – 60 отсто, Бугарите -58 отсто и Шпанците -55 отсто.

Педесет отсто од граѓаните на Полска – земја против која Европската комисија покрена постапка за спорна судска реформа – немаат доверба во националниот судски систем.