Францускиот претседател Емануел Макрон повика на воведување на принципот за солидарност во одбраната на Европската унија, односно воведување на нешто слично на членот 5 во повелбата на НАТО, кој предвидува дека напад врз една членка е напад врз сите членки.
– Сакаме Европа да посвети грижа за својата стратегиска самостојност и да ја засили солидарноста во одбраната, изјави Макрон кој е во посета на Финска, во рамките на неговата турнеја по балтичките земји, каде некои од државите се особено загрижени од влошените односи со Русија.
Европската унија не е одбранбен сојуз како НАТО и Макрон потенцираше дека не сака да направи нешто што би одело во спротивност на НАТО. Но, изјавата доаѓа во време кога владејачки политичари и од Франција и од Германија оценуваат дека Европа мора да развие свои самостојни одбранбени и финансиски системи, и да има поголема независност од САД