За Емануел Макрон проширувањето на ЕУ со Албанија и Северна Македонија е како „правење поголема торта со помалку путер“, пренесува Дојче Веле на македонски јазик.
Според тоа што го пренесува Телма, за францускиот претседател Емануел Макрон, одвојувањето на Македонија и Албанија на патот кон Европската унија би било смртоносна грешка.
„Зелено светло за Северна Македонија без Албанија ќе беше смртоносна политичка грешка, а тоа беше единствениот можен консензус. Ќе видевме политички и социјални движења од неверојатно насилство, не само кај албанското малцинство во Северна Македонија туку во сите земји каде има албанско малцинство“, рекол Макрон.