Францускиот претседател Емануел Макрон се појави на новогодишната церемонија за честитки за вооружените сили во стратешката воздухопловна база Истрес со видливо крваво десно око, објавува Le Parisien.

Настанот во базата следеше веднаш по вонредниот Совет за одбрана во Елисејската палата, одржан поради ситуацијата во Гренланд и Иран.

Пред да го започне својот говор, Макрон се осврна на очигледниот проблем со окото.

„Ве молам простете ми за неугледниот изглед на моето око. Тоа е, се разбира, нешто сосема безопасно. Сфатете го како ненамерна референца на „Eye of the Tiger“… за оние кои ја разбираат референцата, тоа е знак на решителност“, рече Макрон.

Лавина реакции и прашања беа покренати на социјалните мрежи.

Елисејската палата се обиде да ја смири јавноста, осврнувајќи се на проценката на главниот лекар.

-Станува збор за руптура на мал крвен сад во окото. Тоа е сосема безопасно, рекоа тие.

Франција и светот го трола несреќниот претседател. Најмногу шеги се на сметка на сопругата Брижит, како и дека ова е јасен (црвен) резултат на тоа што Макрон бил непослушен.