Претседателот на Франција, Емануел Макрон ги предупреди лидеирте на земјите-членки на Европска Унија дека кризата со новиот коронавирус го доведува под прашање „опстанокот на европскиот проект“.
– Постои ризик дека епидемијата ќе ги поткопа основните столбови на Унијата, изјави Макрон на вчерашниот Европски совет, што се одржа преку видеоконференциска врска.
Тој додаде дека постои опасност од распаѓање на шенген просторот за слободно движење. Шенгенскиот договор вчера одбележа 25 години со затворени внатрешни граници на ЕУ поради Ковид-19.
На виртуелниот Самит на ЕУ, германската канцеларка Ангела Меркел се изјасни против издавањето на заеднички европски „корона обврзници“ со цел да се поддржи економијата.
Франција и Италија неодамна предложија издавање на такви „обврзници“.