Претседателот на Франција, Емануел Макрон синоќа пристигна во официјална четиридневна посета на Индија.
Макрон е придружуван од четворица министри, меѓу кои за вооружени сили Катрин Вотрен и за економија Ролан Лескјур, како и поголем број бизнисмени.
Предвидено е за време на посетата да биде склучен договор за продажба 114 француски авиони ловци Рафал на Индија, во вредност од 30 милиони евра. повеќето од авионите ќе бидат произведени во Индија.
Макрон денеска во Мумбаи ќе присуствува на отворање на фабрика за склопување на цивилни хеликоптери Ербас Х215.
За утре е предвидено Макрон во Њу Делхи да го отвори и француско-индиски центар за вештачка интелигенција, а в четврток ќе учествува на самит за вештачка интелигенција.
Тоа е четврта посета на Макрон на Индија од 2017 година.




