Во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ на ТВ Сител, градоначалникот на Куманово кој е позитивен на коронавирусот, со солзи во очите сведочеше за последиците од вирусот во градот.
Зборувајќи дека дел од оние со кои контактирал се веќе починати, градоначалникот го совладаа и емоциите.
-Кога сте во ваква ситуација човек заклучува дека единствената сигурна работа во животот на која што може да се потпре е семејството. Нормално е да се има емотивна реакција кај сите и да се чувствува несигурност, бидејќи се соочуваме со една непозната болест која што зема некои од луѓето кои претходно ги контактирав и искрено жалам за тоа- рече Димитриевски.
Тој рече и дека страшни игри се играат во тешки моменти, но ќе остави времето да покаже кој лаже.