ПЦР тестот од понеделник 12 октомври ќе биде укинат за граѓаните на Албанија, Косово, Црна Гора и Србија, дознава ТВ 21.
– Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без PCR тестирање. Според анализите, во моментов нема индикација, односно висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите. Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
Укинувањето на тестирањето за Ковид-19 беше најавено во текот на вчерашниот ден. Комисијата за заразни болести донела предлог, и го испратила на Владата, која денеска го одобрила, и донесла одлука за стапување во сила од понеделник.
Премиерот Зоран Заев најави дека ќе биде разговарано на некоја од следните седници и дека укинувањето има свои предности, и недостатоци и дека се води конструктивна дебата.
Во сила е задолжителен ПЦР тест за влез во земјата на овие граѓани. Исто така најавено е и ограничување на патувањето и без тестирање, односно ќе биде дозволено само за оние кои е неопходно, но не е познато како ќе биде изведено тоа.
Ова се случува во период кога Македонија, која е дел од тн. Мал Шенген, бележи црни рекорди во ширењето на Ковид-19.