Малезиската власти трагаат по индустриски уред, кој содржи непозната количина радиоактивен иридиум, што наводно исчезнал од пикап на 10 август.
Властите стравуваат дека исчезнатиот радиоактивен материјал може да предизвика радијациско заболување или да се искористи како оружје од страна на екстремисти, пишува весникот „Њу стрејтс тајмс”.
Уредот тежок 23 кг, а кој се користи во индустриската радиографија, исчезнал при транспортот во околината на Куала Лумпур. Двајца вработени во фирмата, сопственик на исчезнатата опрема, се уапсени, но подоцна ослободени поради недоволни докази.