Африканската држава Мали синоќа објави дека ги прекинува дипломатските односи со Украина.
Причината е што висок украински функционер, според Мали, ја признал вклученоста на Киев во тешкиот пораз на армијата на Мали и руската паравоена група Вагнер на крајот на јули во борбата против сепаратистите и џихадистите во таа земја.
Преодната влада на Мали одлучи веднаш да ги прекине дипломатските односи со Украина, изјави портпаролот на таа влада, полковник Абдулаје Маја.