Епидемија на мали сипаници се шири во Бразил, откако заразено лице влегло од Венецуела.
До сега се регистрирани 460 случаи на мали сипаници во подрачјата на Бразил на границата со Венецуела, соопшти Министерството за здравство.
Постои загриженост дека со мали сипаници се заразило и едно изолирано племе кое живее во Амазон и нема развиен имунитет кон оваа болест.
Светската здравствена организација го прогласи целиот американски континент за „слободен“ од мали сипаници, но може да дојде до епидемии во случаи кога некој ќе ја внесе заразата во земјата.