Украинските сили се спротивставуваат на руските напади во источните области на фронтот и се соочуваат со тешкотии во североисточниот дел на земјата, но напредуваат во близина на уништениот град Бахмут и на југ, соопшти заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар.
Руските извештаи за првата линија на фронтот велат дека нивните сили ги одбиле украинските напади во близина на селата околу Бахмут и во областите на југ, особено во стратешкиот град Вухледар.
Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски им додели награди на војниците во пристаништето Одеса и вети дека „непријателот на никој начин нема да ги диктира неговите услови во Црното Море“.
Украинската армија е ангажирана во контраофанзива за ослободување области на истокот и југот на земјата, заземени во руската инвазија која започна пред 16 месеци. Почетното напредување на Украина беше насочено кон обезбедување повеќе села на југ.