Двајца малолетници од Битола со закани принудувале врснички полово да ги задоволуваат, бидејќи поседувале компромитирачки материјал за нив. Ова го пријавила 37-годишна битолчанка во текот на вчерашниот ден во МВР.

„37- годишна жена од Битола пријавила дека двајца малолетници од Битола во неколку наврати со закана ги принудувале нејзината ќерка и нејзина другарка полово да ги задоволуваат за што поседувале и видео материјал“, велат од МВР.

„За пријавеното малолетно лице кое е под возраста што дозволува да биде кривично одговорно известен е Центарот за социјални работи за да преземе соодветни дејствија. За пријавен малолетник кој е на возраст од 14 години, пак, поведена е постапка и до судијата за деца во Основниот суд Велес предложена е мерка згрижување во воспитна установа додека трае постапката против него. Се работи на обезбедување на сите докази, а Обвинителството и надлежните служби преземаат дејствија за целосно испитување на настанот“, соопштија од ОЈО Велес.