На 07.08.2026 во 15:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јустиниjан Први“, пред крстоница со ул.„Пат за Китка“, во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.Д.(22) од Скопје и патничко возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.Ф.(38) од с.Смесница, скопско.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „фолксваген венто“, а со телесни повреди се здобил А.Ф., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.




