Малтешката полиција денека го пуштила на слободата „лицето од интерес“ за истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Карун Галиција, бидејќи им било потребно повеќе време да го испрашаат, изјави денеска премиерот на Малта, Џозеф Мускат.
-Ако некој биде изведен пред суд, полицијата не може понатаму да го испитува, им кажа Мускат на новинарите.
Познатиот бизнимен од оваа земја, Јорген Фенеч, во средата беше уапсен кога неговата јахта беше пресретната откако испловила од пристаништето, јавија британските медиуми.
Според малтешкиот закон, меѓутоа, уапсените мора да бидат обвинети или пуштени од притвор во рок до 48 часа.
Фенеч денеска беше пуштен на слобода со платена кауција, но и натаму се наоѓа под надзор.
Дафне Карун Галиција беше една од најпознатите истражувачки новинари на Малта, која беше убиена во близина на Ла Валета во октомври 2017 година, во експлозија на автомобил бомба.
Тројца мажи веќе чекаат судење заради подметнување на бомбата во автомобилот, а уште не е утврдено кој го извршил убиството.