Македонската асоцијација на новинари – МАН бара од Владата да се обезбеди примарна вакцинација за медиумските работници кои секојдневно се максимално изложени на ризикот од зараза со корона-вирусот паралелно со вакцинацијата на медицинските лица и најзагрозената категорија на стари лица и изменоштени лица.

– Поради карактерот на извршување на работните обврски, новинарите – репортери, снимателите, фоторепортерите се секојдневно изложени на ризикот од зараза со корона-вирусот. Затоа е неопходно да се изврши нивна имунизација заедно со примарните групи предвидени за вакцинација. Македонската асоцијација на новинари МАН е подготвена да излезе во пресрет на Владата обезбедувајќи листа на членови (медиумски работници) за кои е потребна итна имунизација, истакнуваат од МАН.

Истовремено, ги повикуваат своите членови кои сакаат да се вакцинираат против корона-вирусот да се пријават на официјалната е-маил адреса на Македонската асоцијација на новинари (man.makedonija@gmail.com) за полесна организација на самиот процес.