Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро ги осудува заканите на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски упатени до новинарите и медиумите на денешната прес конференција во Владата. Ваквите постапки преставуваат директен пристисок врз работата на медиумите.

– Рашковски директно го прекршува Член 3 од Законот за медиуми и Уставот со кој се гарантира слободата на медиумите и што таа опфаќа. Со овие закани, генералниот секретар на владата врши  директен политички притисок. Македонската асоцијација на новинари (МАН) бара од генералниот секретар Драги Рашковски да престане со закани и да се повлечете од намерата за судски прогон. Токму ваквите постапки ја донесоа Македонија на врвот во ЕУ по црна статистика. Во ЕУ, 23% од медиумите и новинарите се под директни судски закани и политички притисок, во земјава просекот е фантастични 52%.

И МАН потсетува на Декларацијата за слобода на политичка дебата во медиумите на Советот на Европа наведено е: „Јавните функционери мора да прифатат дека тие ќе бидат предмет на јавен надзор и критики, посебно по пат на медиумите во поглед на начинот на кој ги извршувале или ги извршуваат своите функции во онаа мера во која тоа е неопходно поради обезбедување транспарентност и одговорно извршување на функцијата“.

Воедно, заканите за тужби, наместо користењето на правото на исправка или одговор претставуваат загрозување на слободата на информирање и воопшто, на слободата на медиумите.

Истовремено, сакаме да потсетиме дека овие закани не се единствени кои ги има упатено генералниот секретар на владата, има и кон други институции и лица, стои во соопштението на МАН.