Лидерот на СДСМ Венко Филипче на прес конференција директно порача дека навредите и лошиот јазик кои може да видат во соопштенијата на неговата партија со грозоморни работи за новинарите – е пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ.

Фатен „во тесно“ Филипче го нападна новинарот Матеја Петровски обвинувајќи го дека со поставување прашања шири вмровска пропаганда иако новинарот зборуваше за соопштенија на СДСМ.

Богдан Илиевски во неговото шоу анализира што кажува Филипче кога е запрашан дали тој би ги повторил навредите кои неговата партија ги користи за новинари.

Со зборовите „фејк њуз“ и „престанете со пропагандата на ВМРО“, Венко Филипче се обиде да го замолчи новинарот на Алфа ТВ Матеја Петровски, кој постави едноставно прашање на прес-конференција, кое не му одговараше на наративот на првиот човек на СДСМ.

https://www.facebook.com/watch/ilievski/?ref=embed_video

СДСМ не запира со навредите на сите кои што не се согласуваат со актуелното раководство на чело со Венко Филипче. Објава на новинарот Бранко Героски, претходно маркиран како „координатор на сите напади кон СДСМ“, биле „спонзорирани од Алта банка“, тврди Бихаќка.

Героски за ова вели:

– СДСМ продолжува со секојдневните напади врз мене, спомнувајќи ме, навредувајќи ме и клеветејќи ме на дневна основа. Тоа покажува дека паниката во оваа партија пред претстојниот конгрес на 24 јануари е голема. Иако, еве, како „координатор на сите напади врз СДСМ“, немам информации дека на конгресот ќе се случи нешто спектакуларно. Но, изгледа дека неколку луѓе на Бихаќка западнале во опасна психоза и дека можеби им е потребна и стручна помош да се извлечат од неа, вели Героски.

МАН: Овој пат – нема да дозволиме враќање на режимот на Заев преку Филипче

Македонската асоцијација на новинари (МАН) без да навлегува во внатрепартиските превирања во СДСМ, бара од надлежните институции да преземат мерки против:

– сите преставници на партијата кои шират омраза, напаѓаат, клеветат, навредуваат и таргетираат новинари и медиуми

– самата партија СДСМ која се залага за истото

– против новиот политички стратег на СДСМ, ПР агенцијата Прагма која е одговорна за противзаконско делување на македонска политичка партија.

Од МАН посочуваат дека нема да дозволат да се повтори прогон на новинари и медиуми како во времето на мрачниот режим на Зоран Заев, ментор на Венко Филипче, кој ги прогласуваше медиумите за непријатели, организираа протести пред домовите на нашите членови и користеа физички напади врз новинарите, а со помош на обвинителството и судството вршеа и вршат прогон на сите професионални новинари и медиуми кои не се под контрола на СДСМ.

– Љубомир Јовески и Љупчо Коцевски контролирани од СДСМ се директно одговорни за прогон на над 60 професионални медиумски работници, затворање на дневни весници и две телевизии во режимот на Заев. Овој пат, нема да оставаме стапови пред штабот на СДСМ за да не тепате и лисици пред Обвинителство за да не апсите. Овој пат, знаеме како, нема да дозволиме враќање на режимот на Заев преку Филипче, соопштија од МАН.