Деловниот објект кој го купи Левица на Апасиев е поранешен штаб на Палчо. Местото каде се запознале и функционирале убијците на Вања и Панче сега е сопственост на Левица, истакна на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение интегрален текст од прес-конфренцијата:
Во истиот објект кој се поврзува со Палчо, Зоран Ивановски, близок човек на Апасиев и член на ЦК на неговата партија сега отворил кафуле – Павилјон 36.
Кафулето на другарот на Апасиев е отворено во деловниот простор кој го купила Левица за багатела.
Кафулето на Ивановски, другарот на Апасиев е со иста орнаментика како Левица.
Толку од левичарите. И Левица и Апасиев се демаскирани. Тоа што го лажеа сопственото членство со висок морал и скромност се испостави како најголема лага.
ОДГОВОР НА НОВИНАРСКО ПРАШАЊЕ
Манасиевски: Филипче се гордее со неговиот претходник и ја следи попустливата политика на Заев кон Бугарија
Прашање: Ваш коментар за ставовите на Венко Филипче во врска со Зоран Заев?
Одговор: Венко Филипче призна две работи.
Првата, е дека единствената работа со која се гордее е Зоран Заев.
Втората, дека до најмал милиметар ја следи политиката на Заев за попустливост спрема Бугарија.
Затоа Венко Филипче половина од граѓаните не го препознаваат за лидер на опозицијата.
Затоа СДС е синоним за неспособност, криминал и предавства.
Фото и видео: ВМРО-ДПМНЕ