Венко Филипче беше фатен во „Крвави тендери“ набавка вредна 35 милиона евра, тој нема кредибилитет, да си поднесе оставка, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко Филипче со сила го туркаше проектот за набавка на тестови и реагенси за крвни анализи вреден 35 милиони евра.
Единствена фирма која се имаше појавено на повикот и со која Филипче беше пред склучување на договор беше АХР ЛАБ, фирма без корпоративна електронска пошта, а ќе остане запаметена по маилот жути@јаху.ком
Венко Филипче чекаше да помине револтот на јавноста за да продолжи да го турка тендерот, но силната реакција на медиумите, ВМРО-ДПМНЕ и јавноста тоа не го дозволија“, потенцира во изјавта.
Венко Филипче нема кредибилитет. Тој е претседател на СДС, само за да може некогаш повторно да дојде во позиција за да ги повтори тендерите како тој со аферата “Крвави тендери”. Токму затоа Венко Филипче нема кредибилитет. Венко Филипче треба да си даде оставка, додаде Валентин Манасиевски.