Добрила Кацарска која е позната по своите одлуки во корист на неправдата, по насока на СДС бара укинување на 7.000 денари на пензионерите, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Судијката Кацарска која досуди 200 години за 27 април и како за награда од СДС, преку ноќ стана уставен судија, го загуби својот кредибилитет пред народот. Наместо да ја врати довербата и да покаже независност, таа продолжи и натаму да одработува за СДС и по нивна насока поднесе предмет до Уставниот суд за укинување на 7.000 денари за пензионерите, истакна Манасиевски.
Тој посочи дека граѓаните веќе јасно можат да ја увидат дволичноста на контаминираното судство на СДС, со примери како Добрила Кацарска, луѓе кои без срам наместо да работат во интерес на граѓаните, тие да можат ќе им ги ускратат нивните законски права.
-Судството кое се уште е под диктат на СДС, од една страна бара зголемување на нивните плати со 2% доверба, а од друга страна сака да им одземе на пензионерите добар дел од нивните пензии. Чест на исклучоци, секако, овие судии и обвинители како Добрила Кацарска, се само мал дел од овој корумпиран судски систем.
Затоа, како ВМРО-ДПМНЕ бараме реформи во судството и во обвинителството, за овие чесни исклучоци и луѓе кои си ја вршат работата законски и чесно, да дојдат до израз, а не луѓе како Добрила Кацарска да владеат со нашето правосудството, наведе Манасиевски.




