Кога Филипче вели дека народот треба да учи од Заев, дали мисли на криминалот од 8 милиони во Глобал?- запраша на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата и одговори на новинарските прашања:
Венко Филипче вели дека нема друг како Заев и дека народот треба да учи од него, дали мисли и на тоа како да се направи криминал од 8 милиони евра и да не се одговара?
Заев беше фатен во криминал од 8 милиони евра, требашe да заврши зад решетки и беше амнестиран од Црвенковски.
Дали Филипче е воодушевен и од тоа? И дали и на тоа мислеше кога го фалеше Заев? Или пак тоа може ќе го осуди?
Венко Филипче треба да каже дали се воодушевува на криминалот на Заев, кој му донесе милиони евра? А благодарение на СДС остана неказнет.
Добро е што Венко Филипче призна и кажа се. Народот сега нема простор за двоумење и знае што Венко Филипче сака. Тој сака да биде криминалец како Заев.
Манасиевски: Секој вклучен во противправно дејствие за кое постојат јасни докази мора да одговара
Прашање: Дали пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ би иницирала да се покрене постапка за разрешување на претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, по скандалот дека оддавала службени тајни на осомничени во предметот Адитив?
Одговор: Нашиот став е јасен.
Секој инволвиран во одредено противправно дејствие за кое постојат јасни докази и факти, мора да одговара, без разлика на неговата политичка, верска и етничка а најмалку без разлика на неговата политичка функција која што ја извршува.
Доколку постојат докази за сторено кривично дело, недозволено е таквото однесување.
Од аспект на морал сметаме дека поголемата одговорност кај лицата кои извршуваат високи јавни функции, отколку кај останатите.
Нашата заложба како Влада е јасна, тоа значи бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата. Правдата и владеењето на правото е важен двигател за развојот и перспективата на државата и затоа секој еден поединец или чинител кој извршува јавна функција мора да е насочен кон исполнување на сопствените индивидуални должности и обврски, односно целосно почитување на законските норми.
Ги повикуваме воедно и надлежните институции целосно да го расчистат случајот и да покажат дека секој којшто се огрешил пред законот соодветно ќе биде казнет за истото.
Манасиевски: ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за локални избори, а народот го има последниот збор
Прашање: Ваш за став во врска со информациите за предвремени парламентарни избори?
Одговор: Во овој момент за она што се подготвуваме се локалните избори. Во однос на прашањето за предвремени парламентарни избори се прават анализи и истражувања. Она во што сме сигурни е поддршката на граѓаните што за нас е и голема одговорност. Народот на крај сепак ќе го има и крајниот збор.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=bWwcM2JPQt4
https://limewire.com/d/fbaCk#JMrGzHQZ4x
Прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ