Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат СДС во заложништво поради нивните криминални бизниси и интереси, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јужноамериканските криминалци Пабло Ескобар и Густаво Гавириа, кај нас пресликани во Зоран Заев и Венко Филипче, ја држат во заложништво партијата која некогаш важеше за партија со кредибилитет и визија.

Поради нивните бизнис интереси, ја уништија партијата, а чесните кадри во СДС не можат да дојдат до израз. Но, до израз можат да дојдат луѓе како Александар Трајановски, луѓе како Оливер Спасовски, Никола Спасов, мали Фрчко и Жерновски.

Лојални на Заев и Филипче се истите оние луѓе кои ја испокрадоа и продадоа државата. Ете на ова се сведе СДС“, изјави тој.

„Како може СДС да се реформира, кога се уште се поистоветуваат со аболициран криминалец и доктор кој наместо да спасува животи, тој сакаше да заработи на нивното здравје? Како СДС да се реформира, кога врвот на партијата им е вмешан во криминал? Како СДС да се реформира кога едните исти луѓе скоро 15 години ја узурпираа партијата и ја спаднаа на 120 илјади гласови?

Реформите во СДС треба да дојдат со оставка на Филипче, оградување и дистанцирање од Зоран Заев и воведување на нов кадар во партијата“, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.