Дали Иван Пешевски е гласен синдикалец затоа што зема 80.000 денари плати? – Синдикалците на батерии се прочитани. Според информациите, кои до нас ги доставија свиркачи од ССМ, на кои им е преку глава од злоупотребите на Трендафилов и Пешевски, овие двајца дебело профитираат. Имено, според информациите кои ги добивме, платата на Пешевски, кој деновиве глуми загрижен синдикалец е 3 пати поголема од минималната, истакна Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Додека ги лаже работниците со минималец, Иван Пешевски, за 4 месеци заработува што тие за цела година.
Но тука не застанува лицемерието на Иван Пешевски, тој во 2024 и првите два месеци од 2025 година остварил и приходи по други основи со договори на дело и заедно со плата инкасирал 1.3 милиони денари.
Преведено во минимални плати, Иване Пешевски кој ии лаже работниците за минималец лани земал пари колку еден работник од неговиот синдикат не може нити за 4 години.
Демаскирани се синдикалците на батерии Слободан Трендафилов и Иван Пешевски. Нивните игри се прочитани и никој не им верува.