Казахстанскиот тим Астана, го победи Манчестер јунајтед со 2:1 во дуел од групата Л во фудбалската Лига Европа.
Астана направи пресврт против помладениот состав (имаа седум играчи родени 1999 или помлади) на „црвените ѓаволи“, откако Лингард погоди во првото полувреме.
После три и пол години, Манчестер првпат загуби европски меч на кој водел со 1:0. И покрај поразот, Јунајтед остана прв во групата, но сега може да биде загрозен од АЗ Алкмар.
Во другите два меча што почнаа порано, Краснодар го победи Базел со 1:0, а Хетафе на гости го надигра Трабзонспор со 1:0.