Пилотот на Мерцедес Валтери Ботас ќе стартува од последната позиција на трката од Формула 1 шампионатот во Абу Даби.

На неговиот автомобил беше заменет моторот па според пропозициите на ФИА тој ќе тргне од опашката. Финецот за прв пат во една сезона не планираше да го смени моторот.

Ботас на една трка пред крајот на првенството го зазема второто место во поединечна конкуренција.

Тренинзите во Обединетите Арапски Емирати почнуваат од утре, а главната трка ќе се вози в недела со почеток во 14:10 часот.